Најскапата во светот чоколада е изложена од петокот на саемот на чоколади во португалското место Обидош.
Ограничената едиција содржи само илјада чоколадни бонбони коишто чинат 7.729 евра по парче.
Секоја бонбона е прекриена со злато кое може да се јаде, а ги чуваат двајца стражари. Чоколадните бонбони се полнети со шафран, бел тартуф, ванилија од Мадагаскар и златни ливчиња.
Креаторот на оваа чоколада, Португалецот Даниел Гомеш, изјави дека неговиот производ во форма на дијамант влегол во Гинисовата книга на рекордите како најскапата чоколада на светот.
Кутијата во којашто е изложена чоколадата има облик на круна и е украсена со 5.500 Сваровски кристали.