
Книги, мебел, тијари, чинии, вазни се само дел од артефактите кои вредат милиони долари. Тие се посебни на свој начин, изработени во злато, сребро, процелан и други материјали, облеани со дијаманти, рубини, смарагди. Ова е листата на топ пет најскапи антикивитети кои некогаш биле продадени.
Германска кралска чинија за супа
Чинијата за супа на Луј XV е изработена во 1733 година, а продадена е во 1996 година за 10,6 милиони долари. Чинијата е сребрена и е изработена во Рококо стил.
Старинска маса за секретари
Масата за секретари е рачно изработена во 1760 година од семејствата Годарт и Таунсенд. Вакви маси биле направени од седум до девет, а до денеска опстанала само една, коjа во 1989 година е продадена за 12,4 милиони долари.
Илустрирано фолио од Перскискиот Шах
Еден од најдобрите примери за исламската уметност и мајсторија. Ова илустрирано фолио датира од 1500 година и е специјално направено за Шахот на Персија. Продадено е на аукција во Лондон во 2011 година за 12,5 милиони долари.
Смарагдно – дијамантска тијара
Смарагдно – дијамантската тијара е ексклузивно парче накит кое некогаш им припаѓало на сопругата на Наполеон Трети и на Катерина, втората сопруга на германскиот принц Гидо. Тијарата е продадена во Женева во 2011 година за 12,7 милиони долари.
Златен триножен сад од династијата Минг
Владеењето на Минг динасијата е најпознатиот период од кинеската историја, кога се работи за артефакти. Овој триножен сад е од 18 каратно злато облеано со бисери, рубини и други благородни метали. Во 2008 година е продаден за 15 милиони долари.