Најстудено во Битола, а најмногу снег во Маврово

Најниската температура од минус 15 степени Целзиусови изутринава е измерена во Битола.

Минус 12 е во Берово и Прилеп, минус 11 во Струмица, а девет степени Целзиусови под нулата е во главниот град.

Минусни температури има насакаде низ Македонија, а во западните делови на земјава има локални врнежи од снег.

Најмногу снег има во Маврово, 55 сантиметри, а во Крушево 26.