Продажните цени на производителите на индустриски производи во октомври, на месечно ниво се пониски за 1,4, а на годишно ниво за два отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0,6 отсто и во секторот Снабдување со
електрична енергија, гас, пареа и климатизација за два отсто, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 1,8 отсто.
Во октомври оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 отсто, а се пониски во секторот
Преработувачка индустрија за 2,5 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
за 0,2 отсто.