Наместо коректор на искривените вредности, Алтернатива стана партнер на криминалната дружина на власт СДСМ и ДУИ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за коментар околу СДСМ и Алтернатива во Владата, посочи дека очигледно Алтернатива наместо партија којашто сака да промени нешто во општеството и да стане коректор на искривените вредности, станува партнер на криминалната дружина на власт СДСМ и ДУИ.

„Исто така ја користам приликава и да прашаме до кога политичките партии од власта кои што не се дел од СДСМ/ДУИ и Алтернатива, ќе бидат слепи и неми посматрачи на сите криминали, неправди, и политички договори кои се на штета на сите граѓани во Македонија“, запраша Стоилковски.

Стоилковски одговарајќи на прашањето посочи –„Од друга страна Заев покажа дека е спремен да ја плати секоја цена само за да продолжи со крадењето, тендерите и разградувањето на државата. Но и денес СДСМ станува партија на многу проблеми и денес  Заев е повеќе од порано заложник на Али Ахмети и на ДУИ“.

Стоилковски додаде дека не е прашање дали, туку кога час поскоро оваа власт ќе падне.