Наместо во изолација поради блиските контакти со Мухамед Зекири кои во претходните денови речиси со сигурност ги имал, Заев реши да се качи на мотор и заедно со својата камарила се „паркираше“ во кафана во Стар Дојран.
Еве, Наќе е крив и во оваа ситуација.
Заевци на мотори во Дојран, без притоа да почитуват никакви мерки за заштита. А и повеќе од четворица се…
Сега да прашам, како ќе седат на маса – двајца по двајца на два метра оддалеченост?
По една маса за секој човек?
Ќе се легитимираат кај келнерот со лични карти дека се сите фамилија?
И уште нешто, тој началникот на ОВР Гевгелија ќе оди да констатира прекршување на мерки и да ги казни, или Наќе да пушти од Струмица ЕБР да ги собираат по улица?
П.С.
Абе, Заев нели треба да е во самоизолација по информацијата дека Муки е позитивен на корона со оглед на тоа што со сигурност имал контакт со неговиот потпретседател во последните 21 ден, а? Или за Заев не важат медицински протоколи? – пишува уредникот на „Инфомакс“ Александар Митовски на својот ФБ профил.