Наместо живот за сите Заев донесе кредитен рејтинг “ѓубре” за економијата, истакнува ВМРО-ДПМНЕ

Наместо живот за сите Заев донесе кредитен рејтинг “ѓубре” за економијата, ова е констатација на Стандард и Пурс, кој ги мери кредитните рејтинзи на државите ширум светот со цел оценка дали истите се способна да ги сервисираат своите долгови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението партијата наведува дека според Стандард и Пурс, Македонија е во категориите земји кај кои постои ризик дека во иднина може да се појави проблем при финансирање на своитр долгови.

-Имено Македонија е рангирана во полето високоризични земји што е сигнал до секоја банка која ќе ака да позајми пари на државата тоа да не го стори или да го стори по енормно високи камати. ВМРО-ДПМНЕ со години предупредува дека власта расипнички се задолжува и дека ќе се доведеме во состојба да не може да се сервисираат долговите. Заев е виновен затоа што се задолжи за скоро 3 милијарди евра, што се нов долг на државата откако е тој премиер. Откако Заев е премиер долгот е зголемен речеси двојно. Заев ја донесе државата до економски ќорсокак, и Заев не може да направи ништо позитивно. Потребни се итни чекори за одглавување на земјата од дното, а тоа со Заев не е можно, стои во соопштението.

Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.