Нант во полуфиналето на Францускиот куп

Фудбалерите на Нант се пласираа во полуфиналето на националниот куп, откако во четврфиналето во четвртокот вечерта со 2:0 ја поразија Бастија.

Лудовик Блас веќе во 3 минута рализираше пенал за водство, кое во 71 минута го удвои Рандал Коло Муани поставувајќи го конечниот резултат.

Нант во полуфиналето ќе биде домаќин на Монако, а втората полуфинална двојка ја сочинуват Боца и четвртолигашто Версај кој ќе биде домаќин во овој дуел.

Натпреварите ќе се играат во мар, а финалето на парискиот „Стад де Франс“ е закажано за 8-ми мај.