Напаѓачи грабнаа стотици девојчиња на северозападот на Нигерија

Непознати напаѓачи грабнале неколку стотици девојченца на училишна власт од градот Јангебе во северозападната нигериска сојузна држава Замфара рано утрото во петокот, потврди портпаролот на владата, а станува збор за второ грабнување на деца во нешто повеќе од една седмица.

Засега не е познат точниот број на девојчиња грабнати во нападот на средно државно женско училиште во Јагбе, но локалните медиуми проценуваат дека биле грабнати најмалку 300 девојчиња.

„Непознат број напаѓачи неселективно пукале и ги одвеле девојчињата. Според информациите коишто му се достапни, дошле со возила со коишто ги однеле ученичките, а некои ги однеле пешки“, изјави Сулајман Танау Анка, комесар за информирање на сојузната држава Замфара.

Безбедносните сили патролираат во областа и трагаат за грабнатите девојчињата, додал Анка. Полицијата, војската и разузнавачките служби не сакале да одговараат на барањата за коментар од новинските агенции и медиумите.

Зголемувањето на бројот на вооружените милитанти на северозападо од Нигерија доведе до крахирање на безбеднота на северот на најнаселената африканска земја со над 200 милиони жители, каде што грабнувањата на деца на училишна возраст стануваат редовна појава.

Растот на ваквите инциденти, според аналитичарите, е поттикнато од значителните владини исплати на откупнините во замена за децата. Но нигериската влада редовно ги негира тврдењата дека плаќа откупнини.

Минатата седмица непознат напаѓач уби ученик во ноќен напад врз интернат во централната држава Нигер, каде крабна 42 лица, од кои 27 се ученици. Според медиумите, заложниците треба наскоро да бидат ослободени. Во декември, десетици напаѓачи грамбаа 344 момченца од училишна возраст од градот Канкаре во севорозападната сојузна држава Катсине. Беа ослободени по шест дена, но владата негираше дека исплатила откупнина.

Џихадистичкото движење Боко Харам, кое ѝ изрази лојалност на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во западна Африка, во 2018 година грабнаа повеќе 100 девојчиња на училишна возраст од градот Дапчи на североистокот Нигерија, и сите се ослободи освен девојчињата од хрстијанска вероисповед. Откупнина е платена, според Обединетите нации.

Меѓу најозлагласените грабнувања изминатите години беше она кога милитнатите на Боко Харам грабнаа 276 девојчиња од градот Чибок во сојузната дражва Бордно во април 2014 година. Инциденетот привлече големо глобално влијание, додека неколку познати личности на нивно ослободување.

Повеќе од нив беа пронајдени или ги спаси војската, или се ослободени вопреговорите меѓу владата и Боко Харам, исто така за голема откупнина. Околу 100 девојчиња и натаму недостигаат, или се со Боко Харам или се мртви, сметаат владини службеници.

Криминалните банди кои вршат грабежи и киднапирања на северото од замјаа имаат егзекутирано стотици лица. Нигерија, исто така, се бори и да го сузбие исламистичкиот бунт на североистокот и насилствата меѓу племенските заедници кои се и верски поделени поради правата на пасиштата во централните сојузни држави.

Претседалот Мухамаду Бихари, поранешен воен генерал, ги смени своите долгогодишни воени команданти претходно во февруари поради влошување на ситуацијата со насилствата од вооржуените групации кои се борат за контрола над североисточните градови каде избувнуваат бунтови.