Напаѓачот од Хале го призна антисемитизмот како мотив

Напаѓачот кој во средата изврши атентат во источногерманскиот град Хале, Штефан БајШлет, го признал двојното убиство и како мотив го навел својот екстремно десен и антисемитски став, соопшти во петокот Државното обвинителство во Хале.

„Штефан Бајлет во текот на повеќечасовното сослушување призна дека нападот во Хале го извршил од радикално десни и антисемитски побуди“, соопшти германското Сојузно државно обвинителство.

По сослушувањето, кое било спроведено во четвртокот велерта, на Бајлет му е одредено продолжување на притворот поради двојното убиство и обид за убиство во девет случаи.

Сојузното државно обвинителство во Карлсруе, кое ги презема случаите кај кои постои сомневање дека станува збор за обид за загрозување на германскиот уставен поредок, изнесе и поединости за нападот кој се случи во средата.

Според соопштението, Штефан Бајлот со изнајмен автомобил полн со оружје и со „најмалку четири килограми експлозив“, се упати кон синагогата во центарот на Хале со намера да изврши масакр, имајќи предвид дека во тој момент во синагогата имало повеќе од 50 верници кои таму се наоѓале одбележувајќи го еврејскиот празник Јим Кипур.

Откако не успеал да влезе во храмот бидејќи вратата била заклучена, а не му успеал ниту отворањето со експлозив, Бајлет прво застрелал една случајна минувачка, а потоа се упатил кон близок турски локал, каде што убил еден гостин. Потоа побегнал со автомобилот кон североисток, но бил запрен во текот на потерата на автопат.

Државното обвинителство соопшти дека бројот на жртвите би можел да биде поголем, но дека оружјето на Бајлет во повеќе наврати затаило. Сторителот, инаку, својот поход на еден интернет портал го пренесува во живо со камера која била прицврстена на кацијата која ја носел на главата.

Претседателката на владејачката Христијанско демократска унија (CDU) и германска министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер се заложи за заострување на законите за безбедност. „Нашата земја и нашиот внатрешен поредок се нападнати“, рече Крамп-Каренбауер, според која треба и да се разјаснат фактите дека синагогата во Хале на денот на нападот не била подобро заштитена, за разлика од еврејските објекти во остатокот на Германија кои се наоѓаат под постојана заштита.

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер од баварската Христијанско социјалната унија (CSU) рече во четвртокот дека чинот во Хале претставува „голем срам“ за Германија. „Такво нешто по Втората светска војна не би смеело да се случи. Германија по холокаустот даде ветување ‘Никогаш повеќе’“, рече Зехофер најавувајќи поинтензивна заштите на еврејските објекти во Германија.

Захофер, како и неговиот сопартиец и баварски министер за внатрешни работи Јоаким Херман, ја обвини антидоселеничката Алтернатива за Германија (AfD) дека со својата реторика на омраза кон страците создава подлога за вакви напади.