Напади во Јемен, 10 лица загинаа

Најмалку 10 лица загинаа во два самоубиствени напади со автомобил бомба во војната база кај меѓународниот аеродром во Адена, во јужниот дел на Јемен, јавуваат светските агенции.

Неименуван воен извор вели дека напаѓачите се џихадисти и дека активирале автомобил со експлозив на влезот во војната база и така овозможиле во неа да влезе друго возило што би експлодирало, пренесува АФП.

Меѓу војниците и напаѓачите потоа избиле конфликти во базата.

Пристанишниот град Аден е под контрола на владините сили што се обидуваат да го обезбедат повеќе од една година откако го вратија под контрола од бунтовниците, шиитските Хути.