Нападнат полицаец на натпреварот „Вардар“ – „Победа“

полицаец

Како што соопшти денеска МВР, инцидентот се случил синоќа во 19:30 часот во Скопје на Градскиот стадион, кога полицаецот кој бил на работна задача за обезбедување за време на фудбалскиот натпревар, интервенирал при нарушен Јавен ред и мир.

Повредениот полицаец по укажана лекарска помош во Градска општа болница „Наум Охридски“, каде му била констатирана телесна повреда, бил пуштен на домашно лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.