![juksel-jesilova](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/juksel-jesilova.jpg?resize=620%2C399&ssl=1)
Полицијата денес информира дека додека Јесилова се движел со автомобил „Порше“ кое го управувала неговата сопруга каде како соптаник било и 9 годишно дете, пред нив се движел „Мерцедес“ кој постојано ја намалувал брзината и по патот се движел лево-десно не дозволувајќи му на „Поршето“ да го престигне, а го управувал претседателот на фудбалскиот клуб ц.
Кај селото Крупиште Мерцедесот му го попречил патот на „Поршето“, по што од автомобилот излегол потпретседателот на ФК Брегалница, Колев кој извадил хебла и се упатил кон возилото каде се наоѓал Јесилова. Тренерот излегол од автомобилот па Колев го удрил со хеблата во пределот на раката и ногата. Во обид да се одбрани, како што информираат од полицијата, настанала турканица по што двајцата паднале во каналот кој се наоѓал покрај патот.
Јесилова и Колев биле пренесени во болница каде им се контатирани телесни повреди. Од полицијата додаваа дека со И.К. е извршен разговор во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.
Неофицијално како причина за нападот се наведуваат многубројните несогласувања во фудбалскиот клуб. Дел од медиумите пак пишуваат дека причина за нападот бил наместениот натпревар кој Брегалница го одигра со Македонија ЃП, бидејќи како што пишуваат, „двојката“ убаво се плаќала во спортските обложувалници ширум светот.