Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.В.(43) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 07.01.2023 околу 16:55 часот, пријавениот агресивно се однесувал, а потоа и физички нападнал двајца полициски службеници кои вршеле службени дејства.