
По изборната нерегуларност за која информиравме денеска за време на изборниот процес во село Бојане, сега се огласи и сведокот кој бил набљудувач токму таму.
-Уште рано изутринава дојдов во 8 часот иако нашиот набљудувач беше внатре, прво бев избркан бидејќи наводно не требало двајца набљудувачи од опозицијата да бидат, јас ги послушав и не влегов до 12 часот, а потоа влегов во 12:30 и првата моја забелешка беше дека при регистрација на отпечаток со прст треба да го има и на изборниот список, а они на таа моја реакција на која имам право дојде до расправија и ме нападнаа три лица, сакаа да ме извлечат и ми се обратија со овие зборови: Ти знаеш дека си во Сарај и село Бојане и не може да те спаси ништо, тука Шилегов направи пат од четири милиони евра и донел вода до некоја обиколница, вели Игор Кралевски кој бил очевидец на настанот.
Тој раскажува и дека не успеале да го изнесат од гласачкото место, но и дека нападнале и друго лице освен него.