Напаѓачите на египетската џамија носеле знаме на ИД, расте бројот на жртвите

Вооружените милитанти кои во нападот на џамијата на египетскиот полуостров Синај во петокот убија повеќе од 300 луѓе, носеле знаме на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава и биле меѓу 25 и 30, соопшти во саботата попладнето канцеларијата на главниот државен обвинител.

„Имало меѓу 25 и 30 напаѓачи, кои го носеле знамето на Исламската држава. Пред вратата на џамијата и нејзините 12 прозорци чекале се автоматски пушки“, се наведува во соопштението.

Бројот на жртвите во смртоносниот терористички напад врз џамијата во египетската покраина Северен Синај изнесува според ревидираните податоци изнесува 305,м од кои 27 се деца, а ранети се 128 луѓе, објави државната новинска агенција MENA во саботата повикувајќи се на неофицијални извори. Претходно во саботата претпладнето беше известено за 235 жртви.

Египет во саботата ја започна тридневната жалост за убиените жртви, а војската на овој најкрвав напад во поновата историја на земјата одговори со воздушни напади врз упориштата на египетскиот огранок на Исламската држава.

Иако очевидци и фактите зборуваат дека сторителите се припадници на споменатата џихадистичка групација, сѐ уште никој не ја презема одговорноста за нападот извршен во петокот врз верниците во текот на пладневната молитва во џамијата ал-Равда во Бир ал-Абед, 40 километри западно од Ал Ариш, главниот град на покраината Северен Синај.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси вети во петокот во телевизиското обраќање до нацијата „брутален“ одговор по нападот порачувајќи дека „вооружените сили и полицијата ќе ги одмаздат нашите маченици и набрзо со сила ќе ја вратат сигурноста и стабилноста“.

Војската е стационирана на Синајскиот полуостров и нема да се смири сѐ додека оние кои се вмешани во нападот не бидат елиминирани, пишува воде

чкиот египетски дневен весник Al Ahram цитирајќи ја изјавата на египетските безбедносни сили. Неколку осомничен се веќе убиени, дознава весникот.

Во џамијата ал-Равда главно се молат припадници на суфизмот, мистично-аскетски рпавец на исламот, кој џихадистичката Исламска држава го смета за ерес.