Тунижанецот Мохамед Булел два пати го поминал шеталиштето во Ница со изнајмениот камион пред да влета во толпата при што уби 84 лица, пишува АФП.
Неименувани извори блиски до истрагата велат дека полицијата испитала 100-тина лица од нападот што се случи на 14-ти јули и додаде дека неколкумина испитани наведуваат дека Булел покажувал знак на религиозност иако некои од нивните пријатели и членови на семејството претходно изјавија дека напаѓачот пиел, пушел и никогаш не влегол во џамија.
За нападот одговорноста ја презеде Исламската држава.
Француските власти претходно поради поврзаност со случајот притворија пет ли ца, меѓу кои и сопругата на Булел.
Булел (31) кој е роден во Тунис, а живеел во Ница влета со камион во толпата на познатото шеталиште во градот, додека луѓето го следеа огнометот по повод националниот празник во Франција – 14-ти јули и притоа усмрти 84, а повреди над 300 лица.
Француските власти допрва треба да ги изнесат доказите дека тој бил радикализиран исламист, а министерот за внатрешни работи Бернар Казенев вели дека Булел мошне брзо бил радикализиран.