Фудбалерите на Наполи ја одложија потврдата на осмата последователна а 35-та вкупна титула шампион на Италија за уште шест дена, откако во неделата со 3:1 (2:0) на гостувањето во Верона го победија Киево во средбата од 32-то коло од Серија А.
Наполи со новите три бода го намали заостанувањето зад Јувентус на 17 бодови на шест кола до крајот на првенството, па на „Старата дама“ ѝ е потребен само уште еден бод и за теоретското освојување на новото „скудето“. Јуве тоа можеше да го направи уште во саботата, но резервниот тим на торинските „црно-бели“ беше неочекувано поразен на гостувањето кај СПАЛ со 1:2.
Во неделата двоен стрелец за Наполи беше Кулибали во 15 и 81 минута, а еден гол во 64 минута постигна Милик, додека поразот на Киево го ублажи во 90 минута Цезар.
Со овој пораз последниот Киево и теоретски испадна од Серија А, има 11 бодови, 20 помалку од 17-та Болоња.