Елиф Елмас минатото лето се пресели на „Сан Паоло“ и стана најскап македонски фудбалер откако Наполи за неговите услуги плати 16 милиони евра плус бонуси.
Тој одлично се снаоѓа во својата прва сезона во Серија А, па Наполи реши уште сега да ја проодлжи соработката до 2025 година.
„Работиме на новите договори на Елмас, Зелински, Максимовиќ, Марио Руи и Ди Лоренцо. Се надевам брзо ќе ги формализираме“, вели спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли.
Во моментов Елиф Елмас има плата од 1,3 милиони евра, која треба да расте за по 100.000 евра секоја наредна година.
Останува да видиме какви ќе бидат условите од новиот договор, и дали Македонецот ќе добие откупна клаузула.