Наполи се осами на врвот, нов пораз на Милан

SSC Napoli and SS Lazio at 'Diego Armando Maradona' stadium in Naples, Italy, 28 november2021. ANSA / CIRO FUSCO

Во дерби натпреварот на затворањето од 14-то коло на италијанското фудбалско првенство, Наполи за кој македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас ги одигра последните половина час, високо со 4:0 го совлада Лацио и по домашниот неуспех на Милан се осами на врвот на Серија А.

Пред самиот натпревар беше откриена статуата посветена на лани почината фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, по кој е именуван стадионот во Неапол кому Аргентинецот му ги донесе најблескавите спортски моменти во историјата. Статуата е дело на Дарио Карузо, поставена е пред соблекувалната на домашниот тим, а на свеченоста присуствуваше и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Супериорноста на Наполи во овој меч ја најави уште во 7 минута погодокот на Пјотр Зјелински, а веќе по половина час игра Лацио беше торпедиран со двата погодока на Дрис Мартинс во 10 и 29 минута. Конечниот резултат го постави во 85 минута Фабиан Руиз.

Наполи со 11-та првенствена победа дојде до 35 бодови, три повече од Милан и четири од третиот Интер. Лацио е осми во групата екипи со по 21 бод која започнува со шестата Фиорентина, продолжува со седмиот Јувентус и завршува со деветтата Болоња.

Претходно во неделата Милан доживеа непријатен пораз 1:3 на домашен терен од Сасуоло и тоа е вториот последователен пораз во Серија.

Почетокот на средбата не го навестуваше крајниот исход, откао во 21 минута капитенот на „Росонерите“ Алесио Ромањоли со глава по корнер ги доведе домашните во водство. Но жилавиот Сасуоло, кој пред неколку кола на гости го совлада и Јувентус, направи пресврт до крајот на првиот дел преку голот на Џанлука Скамака во 24 и несреќнито автогол на Симон Кјаер во 33 минута.

Дури и со Залтан Ибрахимовиќ во нападот Милан се мачеше да му одовори на противникот, а Доменико Берарди со одличен соло-продор во 66 минута ја круниса сосема заслужената победа на Сасуоло. Црвениот картон на Ромањоли во 77 минута и дефинитивно ги избриша сите надежи на Милан остана на второто место но сега со три бода помалку од водечкиот Наполи. Сасуоло, пак, скокна на 12-то место со 18 бодови.

Претходно во неделата Рома со голот на Тами Абрахам во 32 минута на римски „Олимпико“ го победи Торино. Мхитарјан одлично го проигра Абрахам кој прецизно пласираше и ја смести топката во мрежата. Неколку минути подоцна Ел Шарави беше соборен во шеснаесетникот и беше досуден пенал, но ВАР-от на момент откажа, па се чекаше пет минути за да се утврди дека Абрахам на почетокот од акцијата бил во милиметарски офсајд и одлуката да биде поништена. Торино во продолжението од мечот се обиде да стигне до изедначување, гостите имаа иницијатива но Рома умешно се бранеше и стигна до трите бода.

„Волчицата“ се одржа на петтата позиција со 25 бодови, три помалку од четвртата Аталанта. Торино е 13-ти со 17 бодови.

Болоња во финишот со голот на Марко Арнаутовиќ во 83 минута од пенал оствари гостинска победа кај Специја. Сега Болоња со 21 бод е деветта на табелата, а Специја со 11 бодови е 17-та само бод повеќе од 18-та Џенова која е на позицијата за бараж за опстанок а која претходно одигра без голови кај Удинезе кое е 14-то со 15 бодови.