
Ако сте се занеле и сте ззаборавиле дека љубовта треба да се негува, тогаш крајно време е да се разбудите и повтоно да ја оживеете врската, бидејќи во спротивно можете да го изгубите својот сакан.
Сосема сте сигурни во својата љубов кон партнерот, но најдобро би било тој да е уверен во вашите емоции, бидејќи тоа е важна работа за вашата врска. Не бидете мрзеливи и покажувајте му ја често вашата љубов, бидејќи зборовите не се доволни.
Кога некој навистина сакате, природно е тоа да сакате да му го покажете, а за тоа не е потребно многу труд, туку доволни се мали знаци на внимание.
Ова се некои идеи кои би можеле да ги искористите:
– Направете му појадок наутро и донесете му го во кревет.
– Ако наутро немате доволно време, тогаш организирајте романтична вечера навечер, во домшна атмосфера, со неговото омилено јадење и со чаша вино.
– Испланирајте излегување без пријатели, забавувајте се и заборавете на сите грижи.
– Испратете му убава говорна порака или на мејл, оставете му порака или писмо во чантата за лаптоп.
– Никој не би одбил масажа по напорниот ден.
– Покажете интерес за работи кои го интересираат. Купете му билети за во кино за филм кој го сака, или занекој спортски натпревар кој го очекува.
– Научете неколку нови трикови неопходни за фантастичен провод во спалната.
– Организирајте излет за викенд, далку од градскиот хаос. Мажите сакаат авантуризам.