Наришкин предупредува на „сомнителна“ нуклеарна активност во Украина

Водечкиот руски разузнавач изјави дека се надева оти надзорната агенција на Обединетите нации за нуклеарна енергија и Европската унија ќе ја проверат нуклеарната активност на властите во Киев која би можела да сигнализира дека украинските власти повторно работат на создавање „валкана бомба“.

Сергеј Наришкин, директор на руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) во понеделникот изјави дека службата дошла до информации дека властите во Киев ги продолжиле активностите над правење „валката нуклеарна бомба“, оружје со конвенционална муниција со радиоактивни елементи, и предупреди дека нејзината примена би имала тешки последици.

Наришкин конкретизираше дека руското разузнавање поседува информации дека Киев одлучил на преработка да испрати одредено количество озрачено гориво од нуклеарната централа Ровно. Според него, со таа цел украинската власти под изговор за закопување во два специјални бродски контејнери на местото на централизираното складиште за искористено нуклеарно гориво во одамна згаснатата хаварисана нуклеарлна централа во Чернобил.

Наришкин притоа истакна дека Киев воопшто не ја известил според прописите Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ – IAEA) за трансферот на искористеното нуклеарно гориво од нуклеарната централа Ровно во складиштето во Чернобил.

Истовремено, во интервјуто за Российская газета, Наришкин тврди дека „стратешките и цинични“ замисли на САД и Велика Британија се да ги заменат украинските војници на боиштето со полски и, веројатно, германски војници.

Меѓународната агенција за нуклеарна енергија, ја негирала за Reuters изјавата на Наришки, тврдејќи дека ги следи сите движења на нуклеарниот материјал. Агенцијата твди дека во соопштение од МААЕ е известно овој месец за трансфер на озрачено гориво од Ривно во Чернобил и дека тие движења не биле земени предвид.

Претходно месецов со тој период коинцидираше откажувањето на посетата на челникот на МААЕ, Рафаел Гроси на нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола, за утврдување на ситуацијата во најголемата европска нуклеарка по уривањето на браната на акумулацијата Каховка.

Украинското Министерство за одбрана не било достапно за коментар зана барање ан британската новинска агенција.
.