Зеленски: Не изгубивме позиции

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави во редовното ноќно видео обраќање кон вторникот изјави дека украинските сили не изгубиле позиции во противофанзивата поведена со цел да ги истиснат руските сили, и тврдеше дека непријателските сили претрпеле само загуби.

„Во некои сектори, нашите сили се движат напред, во други ги браниме позициите и им одолеваме на нападите на окупаторот“, рече Зеленски.

„Не ги изгубивме позициите, туку ги ослободивме. А тие имаат само загуби. Севкупно, ситуацијата е таква што создаваме притисок, што ослободува пат за нашето знаме“, тврди ураинскиот претседател.

Овие изјави на Зеленски доаѓаат по тврдењата на руското Министерство за одбрана дека руските сили ги одбиле сите обиди да за пробивање на фронтот на неколку правци со „огромни“ жртви во жива сила и воена опрема на украинските сили, особено донирано оружје од западно производство.