Во Истанбул е убиен водачот на ткн Шкалјарски клан, Јован Вукотиќ, дознава „Вијести“ од повеќе извори.
Вукотиќ во досиејата на тајната полиција бил означен како апсолутен водач на криминалниот клан од местокот Шкалјари. Вукотиќ беше во бегство, а црногорските правосудни органи по него распишаа потерница пред една година.
Вукотиќ беше уапсен и во Турција во септември 2018 година, кога беше екстрадиран во Србија. Тој беше осуден од Вишиот суд во Белград на 15 месеци затвор за користење фалсификуван македонски пасош со негова слика.
Специјалното државно обвинителство (СТП) го обвини дека во ноември и декември 2020 година формирал криминална организација за ликвидација на водачите на ривалскиот Кавачки клан, Слободан Кашчелан и Радоје Звицер. Тие ликвидации наводно ги „нарачал“ преку шифрираната Sky ECC апликација.
Војната меѓу измамниците и криминалците започна на крајот на 2014 година кога исчезнаа 300 килограми кокаин во шпанското пристаниште Валенсија. Прва жртва во војната бил Горан Радоман, близок на „шкалјарците“, по чијашто смрт се случија низа убиства од двете страни.
Во судирот на клановити загинаа најмалку четири случајни жртви.
Минатата година од ВМРО-ДПМНЕ брифираа дека полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ, како и на водачот на турската мафија Седат Пекер.
Вукотиќ поседувал македонски пасош, со негова слика но на име Ѓорги Андонов, издаден во полициската станица во Драчево. Новиот идентитет на Вуковиќ бил земен од Македонец од Пиринска Македонија, а уште еден припадник од истиот клан добил идентитет од Македонец од Корча. Пекер со украдениот или измислениот идентитет се вика Џадин Амедовски. На двете лица патните исправи под лажен идентитет им биле изработени во полициската станиоца Драчево.