Според информациите од охридската полиција, 29-годишниот А.Д. и три години постариот С.П., познати на полицијата за уживањето во опојни дроги, добиле кривична бидејќи го киднапирале 34-годишниот Г.С. и барале да им даде хероин.
Двајцата наркомани на 28-ми минатиот месец со нивниот автомобил „алфа ромео“ дошле пред домот на Г.С. во селото Долно Лакочереј и присилно го внеле во возилото.
На патот кон селото Орман физички го нападнале барајќи му 10 грама хероин. Во близина на резервоарот кај селото, тие со пластифициран конец му ги врзале рацете за метален столб, го удирале и му се заканувале.
На враќање кон возилото, оштетениот Г.С. искористил момент на невнимание на пријавените и успеал да побегне.
При претрес во домот на С.П. пронајдени се 20 грама марихуана како и други предмети кои се испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.