Народот гладува, а власта троши 5 милиони за возила и други милиони на златни лажици, коруптивни студии и финансирање на семејни проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните гладува, едвај врзуваат крај со крај, а власта ужива во луксуз. Додека основните трошоци за живот се пораснати двојно за неколку месеци, Владата на СДСМ и ДУИ безобразно ги троши буџетските пари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Доказ за тоа е и последното истражување кое покажува дека во време на кризи власта потрошила 5 милиони евра за возила на лизинг. Ако на ова ги додадеме и милионите евра за мебел, кафиња, цвеќиња, веб сајтови, хотелски услуги, фстаци, криминални физибилити студии, семејни проекти, златни лажици и слични луксузи, тогаш е јасно зошто народот ни осиромашува, а власта е се побогата и побогата. Над половина милиот лица живеат со 150 денари на ден, а над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. За година и пол 12 илјади компании ставиле клуч на врата, а бројот на работоспособно население се намалило за 215 илјади. Во вакви катастрофални услови власта на СДСМ и ДУИ наместо да превзема мерки, безмилосно троши 5 милиони евра за нови возила, се наведува во соопштнието на партијата.

Ова е доказ дека власта е целосно раскалашена и одлепена од реалноста.

Премногу е! Ова мора да престане. Народот на 18-ти јуни преку протест јасно ќе покаже дека оваа власт мора да си замине.