Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест којшто ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, најави во вотрникот лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски по одржувањето на седницата на Извршниот Комитет
„Денеска на седницата на Централниот комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми кои што живот значат за граѓаните во Република Македонија. Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест којшто ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија“, рече Мицкоски.
Притоа ги покани, како што рече, сите оние добронамерници, сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев.
„Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада којашто и се случува на нашата татковина“, додаде челникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски појасни дека засега за јавноста ќе го откриеме само овој податок дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата организира протестен собир на 2-ри јуни.
Додеде дека во партијата ги разлгедувале сите можни датуми во мај, бидејќи првично во едно од своите интервјуа за медиумите, Мицкоски најави дека големиот протесен митинг ќе се одржи месецов.
„Имавме сериозна дискусија околу термините кога би се одржал овој протестен митинг. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на реорганизација и реструктуирање, повеќе од 40 Општински комитети имаа нова или е потврдена старата структура во Општински комитет на ниво на претседател и членови на Општинскиот комитет. Како можен датум го разгледувавме 26-ти или 27-ми мај, но имајќи предвид дека тој е споен викенд, бидејќи 24-ти е државен празник, имајќи предвид дека е Задушница, сакавме да ја започнеме нашата кампања, односно да го започнеме поразот на оваа ненародна влада на еден чист ден и затоа го поместивме за еден викенд понатаму и одлучивме тоа да биде 2-ри јуни. Иако сме ние математички прецизни секогаш, понекогаш ни се случува да направиме ваква незначителна грешка“, објасни Мицкоски.