Насад со марихуана откриен во Радовиш

Засадени стебла марихуана беа откриени на 31. минатиот месец од страна на полицијата во близина на земјениот пат кој води од село Бучим кон село Кошево, радовишко.

Насадот бил во ниско стеблеста жбунеста шума  на површина од околу 50 м2 на ограден простор  заштитени со плетена метална мрежа и покриени со зелена мрежа за заштита против град.

Вкупно откриени 147 стебла марихуана

Откриени се вкупно 147 стебла марихуана
Откриени се вкупно 147 стебла марихуана

Станува збор за беа марихуана засадена во 16 реда од по околу 8 и 9 стебла во ред, или вкупно 147 стебла од растението, одгледувани на обработливо земјиште. Стеблата се со различна големина  од 1,50 м  до 2,70 м и биле во фаза на цветање.

Стеблата марихуана се искорнати и донесени во полициската станица Радовиш за понатамошна постапка.

 

Уапсени три лица, едниот државјанин на Турција

Полицијата извршила претрес во домот на Г.Е.(27) државјанин на Р.Турција со привремен престој во Р.Македонија потоа кај С.С.(38) од Радовиш и кај лицето И.С.(33) од Радовиш.

По  наредба на Јавен Обвинител лицата се уапсени и задржани во полициска станица.

Од страна на Судија на Предходна Постапка за Г.Е. донесено е решение за определување на мерка на претпазливост, односно да се јавува повремено во полициска станица во Радовиш и тоа на парни денови во месецот до завршување на претходната постапка, додека за останатите две лица донесени се решенија  за определување на мерка на претпазливост со привремено одземање на патните исправи за преминување на државната граница, односно определената мерка на претпазливост да трае се до правосилноста на пресудата.

По целосно документирање на настанот против пријавените  ќе бидат поднесени соодветни пријави, се вели во соопштението.

 

Албанија важи за лидер кога станува збор за производството на марихуана во земјите од балканското подрачје. Во Албанија се наоѓа и селото Лазарат попознато како кралство на марихуаната.

 

 

Пред десетина дена саксија со марихуана и 11 стебла од растението беа пронајдени во дворот на триесет и четиригодишен гостиварец, по што е уапсен.