Нашата земја е нашиот храм, нашата црква во која веруваме, истакна Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод 30 години независност од Битола порача:

“Нашата земја е нашиот храм, нашата црква во која веруваме.. Зошто Македонија е повеќе од само држава, тaa e емоција, нашите успеси, нашето страдaње… Но и нашите судбини.

Знам и поорганизирани и поразвиени држави од нашата, но само Македонија е во нашите срца, незаменлива  болка и среќа. Постојана борба.

Еден пријател ми вика, на ВМРО-ДПМНЕ и тебе како нејзин прв човек ви следи напорна борба за промена на болната реалност. Мојот одговор беше, а кога тоа во Македонија било лесно да се создаде нешто вредно без да има борба“.