Насилствата, кои што избија во текот на протестите во повеќе градови на територијата на Федерацијата Босна и Херцеговина, на седми февруари не се случиле спонтано, туку станува збор за добро организирана акција чија позадина треба сериозно да се истражи, e оценето на седницата на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ на полициски функционери на тој ентитет.
Тие рекле дека е утврден идентитетот на насилниците кои што палеле згради на државните институции во неколку градови, вклучувајќи го и Сараево.
Федералниот министер за внатрешни работи, Предраг Куртеш, изјавил дека тие настани, кога биле запалени зградата на владите во четири кантони и седиштето на Претседателството на БиХ, укажуваат на синхронизираност на тие напади и сега сето тоа се истражува.