Наследивме град без проекти, граѓаните да бидат трпеливи, вели Арсовска

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска секој понеделник преку емисија на порталот „Инфомакс“ одговара на прашања. Вечерва рече дека сите треба да бидат трпеливи за како што вели таа „сега почнува градежната офанзива“.

– Јас верувам дека довербата која сите Скопјани ми ја дадоа на изборите ќе биде оправдана, секако од граѓаните се бара и малку трпение да имаат затоа што почнува градежната офанзива, рече Данела Арсовска во емисијата „Наше Скопје“ на Инфомакс.

Таа додаде дека наследила град без проекти.

– Имавме град кој што беше без проекти, сега проектите во овие изминати месеци ги изготвивме и почнавме со реализација на програмата, дури и работи кои што не беа во програмата почнуваме да ги правиме. Имаме неколку проекти кои што се големи и значајни за Општина Сарај, додаде Арсовска.

Рече дека започнува и со решавање на проблеми кои со децении не биле започнати да се решаваат.