НАТО бара политички договор бидејќи украинската војска е пред пораз?

Лидерите на земјите на НАТО денеска во Њупорт, во Велика Британија, подготвуваат нова единица во базите на Истокот на Европа, со цел да се осуети „руската закана“, додека Европската Унија најавува нови санкции за Москва.

Еден таен воен извештај на НАТО укажува дека политичката спогодба за украинската криза е неминовна, бидејќи украинската војска е пред пораз во источниот дел на земјата.

Затоа, големо внимание на самитот на НАТО е посветено на најавата на Москва и Киев дека утре во Минск ќе преговараат за мирно решение на украинската криза. Киев ја прифатил понудата на Москва да се преговата за примирје и мирно решавање на украинската криза, затоа што украинската војска доживеала сериозни порази во конфликтот со востаниците на исток и затоа што би било невозможно да се одржат избори во Украина, кои се закажани за октомври, доколку продолжи вооружениот конфликт.

Украинскиот претседател го прифати мировниот план на Путин, што доведе до расцеп во украинската власт бидејќи премиерот Јацењук го одбил планот, но Порошенко како да немал избор, бидејќи, како што се наведува во тајниот извештај, планот го изнеле генералите на НАТО.

„Украина може да посакува некој простор за политички маневар, бидејќи воено, битката која ја водат Порошенко и неговиот министер за одрана, е веќе изгубена.  Генералите на НАТО наведуваат дека украинските силе веќе се поразени на три фрона“.

Иако Европската комисија во Брисел најави построги санкции за Русија, Германија, Франција и други членки на НАТО и ЕУ, сметаат дека мора да се оди на политичко решение за украинската криза, со преговори.

НАТО нема воено да интервенира бидејќи тоа значи конфликт со Русија. А военото решение, и во случај на обука и вооружување на слабата украинска војска, само би го поттикнало трајното жариште на истокот од земјата, што би  бил траен извор на нестабилност во Европа.

Комисијата во Брисел во доверливиот извештај смета дека во договор со меѓународните партнери, на Русија би можело да и’ се забрани пристап на меѓународни или културни случувања, како што се Формула 1, клубски веропски фудбалски натпревари или Светско фудбалско првенство кое во 2018 година треба да се одржи во Русија.