Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја предупреди Русија во петокот на „последици“ и „цената којашто ќе ја плати доколку употреби сила против Украина“ со силите коишто наводно Москва ги упатила на границата, додека одметнатите рускојазични региони во Донбас алармираат дека украинските сили се придвилжиле напред од договорената со Минскиот договор линија на раздвојување на конфронтираните страни.
„Многу нѐ загрижува тоа што е случува. Русија по вторпат годинава концетрирала тешка опрема, тенкови и единици подготвени за борна на границата со Украина. Реториката ѝ е агресивна и не се јасни нејзините намери“, изјави Столтенберг на прес-конференцијата во седштето на НАТО во Брисел без да пружи конкретна поткрепа за овие тврдења.
„Русија во минатото ја нападна Украина присоединувајќи го Крим и ги поддржува сепаратитите во Донбас. Мора да биде јасно дека доколку Русија употреби сила против Украина тоа ќе има последици и за тоа ќе плати. И затоа и натаму ја повикуваме Русија да ја избегне ескалацијата“, предупреди генералниот секретар на Алијансата.
„Ситтуацијата во Украина ќе биде една од главните теми на состаникот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига во Латвија, во вторник и во сред“, додаде Столтенберг.
Норвежанецот, исто така, не прецизираше што НАТО ќе презема доколку Русија навистина воено интервенира во Украина и не сакал да ги сподели разизнавачките податоци со коишто располага.
„Ситуацијата ја доживуваме многу сериозно и на Москва ѝ се испратени пораки“, рекол за AFP неименуван диломат од НАТО.
Украина е партнер на НАТО но засега нема сигнали за нејзино можно членство во Алијансата, па затоа и не може да се повика на членкот 5 од Северноатлантскиот договор, прецизирал дипломатски извор. Членот со кој се наведува дека напад врз една членка е напад и врз целиот воен блок, а досега никогаш не бил применет.
НАТО не интервенираше и кога мнозинското руско и рускојазично население на црноморскиот полуостров Крим во март 2014 по превратот во Киев на два референдума изгласа враќање на автономијата укината во 1990 година по осамостјувањето на Украина и плебисцитот за присоединување на Руската Федерација што руската Дума го прифати, а Западот го смета за нелегална анексија на укранска територија. НАТО, исто така, не интервенираше и во 2006 година кога партнерската земја Грузија изврши инвазија врз покраините Абхазија и Осетија кои бараа независност, што предизвика интервенција на руските трупи на грузиска теротирија. Тогаш Запад на Грузија ѝ порача дека „погрешно протолкувала“ изјави на западните челници.
НАТО, кој го поддржа насилното соборување на прорускиот ориентираниот украински претседател Виктор Јанукович, од пролетта 2014-та континуирано во различни форми е прусутен во Украина. Ги вооружува украинските сили, ги обучува војниците …, на што потсети во петокот и Столтенберг.
Рече дека ѝ понудил на Москва продолжување на дијалогот на состанокот на Советот НАТО-Русија за да се смират тензиите и да се избегне секаков инцидент по „јакнењето на руското воено присуство на границата со Украина“. „Но Русија не ја прифати таа понуда“, рече Столтеберг.
Русија ја суспендираше својата мисија во рамките на Советот НАТО-Русија, откако Алијансата не ги продолжи акредитациите за седум руски дипломати во седиштето во Брисел обвинувајќи ги наводно за нелегални активности. Москва договори со исти мерки, по што практично овој институт функционира преку ниво на амбасади.