Рисија продолжува да го јакне военото присуство на границата со Украина, тврдепе во средата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој „засега“ не гледа никаков знак на деескалација и покрај објавите и снимките од Русија на кои се гледа заминување на единици од позициите во близина на украинската граница.
„Досега не утврдивме никаква деескалација на теренот. Напротив, се чини дека Русија продолжува да ја јакне својата воена присутност (…) Русија сѐ уште може да ја нападне Украина без предупредување, незјините капацитет се на лице место со повеќе од 100.000 војници“, тврдеше Столтенберг.
На почетокот од состанокот со министрите за одбрана на земјите членки, Столтенберг рече дека Москва порачува дека е подготвена да вложува дипломатски напори,
„Подготвени сме да разговараме. Но Русија мора својот збор да го проследи со дела, да ги повлече своите сили, да ја смири напнатоста. Внимателно следиме што прави Русија. Констатиравме доаѓање на војска и тешка опрема, потоа повлекување на војска, но опемаа и капацитетите се на самото место“, тврди Столтенберг.
„Сакаме да видиме стварно повлекување, трајно, не само постојано движење на војнциите (…) Подготвени сме да се сретнеме со Рuсија но се подготвуваме за најлошото“, заклучи.
Претходно во средата украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави за BBC дека сѐ уште не гледа повлекување на руските војнции од украинската граница.
„Да бидам искрен, реагираме на реалноста која ја имаме и сѐ уште не видовме никвакво повлекување. Само слушнавме за тоа“, рече Зеленски од воен полигон за обука во западна Украина.
Додаде дека смета оти „сите нодмални луѓе очекуваат деескалација“.
„Кога станува збор за заканите, реков многупати дека сме мирни во поглед на какви и да се закани, бидејќи паметиме дека сево ова не започна вчера. Се одвива веќе многу години“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски рече и дека, кога силите ќе се повлекуваат, „секој ќе може тоа да го види“, а не само војската или извидницата“. „Но засега тоа се само зборови.