Со вежбата ќе раководи американската армија, а учествуваат припдници на 28 земји членки и партнери на НАТО.
-Ќе биде демонстрирана подготвеноста во зеднички активности на учесниците на вежбата која е најголема што до сега се одржала во западен Балкан, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.
Американската амбасада преку објава на социјалните мрежи им посака добредојде на тројцата генерали.
-Добредојде за генерал Тод Волтерс, командант на командата за Европа и врховен командант на европските сојузници на НАТО, на генерал Џефри Хариган, командант на воздухопловните сили на САД во Европа, Африка и сојузничката воздухопловна команда, како и генерал Кристофер Каволи ,командант на војската на САД во Европа и Африка. Рамо до рамо, стои во објавата.