НАТО во Албанија ќе ја има најважната база на западен Балкан

НАТО планира да ја модернизира возухопловната база во Албанија и да ја претвори во својата најважа база на западен Балкан, изјави во неделата албанскиот премиер Еди Рама.

„НАТО ќе вложи повеќе од 50 милиони евра во првата фаза од овој проект, за модернизација на воздухопловната база во Кучова“, 80 километри јужно од албанската престолнина Тирана, напиша на Facebook премиерот Еди Рама.

Базата Кучова ќе служи на поддршка за операцијата за снабдување на авионите со гориво, за логистика, за обука и за вежби на Алијансата, вели Рама и додава дека албанските власти преговараат со САД за „поголема модернизација на капацитеите на Албанија“, којашто влезе во НАТО во 2009 година по самитот во Букурешт.

Воздухопловната база Кучова е отворена во 1950-те години во близина на истоимениот град, кој подоцна беше премиенуван според поранешниот советски диктатор Сталин. По падот на комунистичкиот режим во Тирана, на градот му беше вратено оригиналното име, а во базата останаа неупотребливи советски и кинески воени авиони.

Албанија има три воздушни бази на својата територија: воздухопловната база во Тирана, каде што е, исто така, е Националниот центар за контрола и известување за НАТО. Таа се користи за Центарот за интегрирана воздушна одбрана на НАТО, познат како Центар за комбинирано воздушно управување (CAOC); потоа воздухопловна база Лапрака, на периферијата на Тирана, каде што се сместени хеликоптери кои се користат за превоз на владини функционери и за вонредни ситуации и воздухопловната база Кучова.