![pogba](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/pogba.jpg?resize=693%2C335&ssl=1)
Напнатоста помеѓу sвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и навивачите на тимот продолжува да расте.
Денес, на една од таблите пред базата за обука на клубот се појави огромен натпис „Погба – аут“ со црвен спреј.
Минатата недела играчот од средниот ред беше подложен на расистички навреди од страна на приврзаниците на екипата поради промашениот пенал против Вулверхемптон (1:1).
Како и да е, цело лето се зборуваше за желбата на Погба да го напушти „Олд Трафорд“ за да му се приклучи на Реал Мадрид.