
Поради новонастанатата ситуација со коронавирусот, денес владата донесе одлука сите натпревари да се играат без публика, а оваа забрана ќе трае во наредните триесет дена.
Иако за дуелот од плеј-офот во Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово кој е закажан за 26-ти март ФФМ веќе најави дека целиот капацитет на стадионот во Скопје е распродаден и се очекува фудбалски празник, сепак трибините ќе бидат затворени за навивачите.