Извршниот директор на „Фајзер“, Алберт Бурла изјави дека експертите од светската биофармацевтска компанија сметаат дека најверојатно ќе се појави варијанта отпорна на вакцини против ковид-19.
– Секогаш кога ќе излезе некоја варијанта во светот, нашите научници се обединуваат против неа и проучуваат дали таа варијанта може да избега од заштитата на нашата вакцина. Се уште немаме идентификувано, но веруваме дека еден ден ќе се појави – изјави Бурла за „Фокс њуз“.
Сепак, Бурла додаде дека „Фајзер“ може да произведе актуелизирани верзии на својата вакцина за борба против варијантата во рок од три месеци од нејзиното откривање.
– Изградивме процес со кој, во рок од 95 дена откако ќе ја идентификуваме варијантата, ќе може да имаме вакцина прилагодена на таа варијанта – рече Бурла.