Научници ги испитуваат животните кои се сомничат за пренесување на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) неодамна собра група од меѓународни научници чија цел е да го истражи потеклото на вирусот. Десетте научници ќе мора да ги испитаат животните кои се сомничат за пренесување на вирусот и првите заразени пациенти.

Првите случаи на зараза се појавија во Вухан пред една година.

-Времето на откривањето на епидемијата не значи нужно дека тоа е и почеток на епидемијата, велат од СЗО.

Многу истражувачи од различни земји во последните месеци укажуваат дека имало заразени и пред декември 2019 година, а заклучоците ги темелат на анализите на отпадните води и примероци на крвта.

-Но за тоа се уште нема јасни докази, вели Етиен Симон Лориер, вирусолог од пастеровиот институт во Париз.

За да го утврдат семејното стебло на вирусот, научниците се потпираат на генетските анализи.

Научниците знаат дека вирусот стигнал од животните. Големо прашање е што довело до тоа да „скокне“ на човекот, вели Лориер.

-Главните осомничени се лилјаците, кои многумина ги сметаат за носители на вирусот и голем резервоар на коронавирусот, додава тој.

Но патот до човекот веројатно не бил праволиниски, туку во приказната се вплеткува уште едно животно како посредник.

Панголините, вид цицачи чија кожа е прикриена со лушпи, а се храни со мравки идентификуван е на темел на генетската анализа како веројатен носител на вирусот до луѓето, но таа претпоставка се уште до крај не е потврдена. Панголините во Кина немилосрдно се криумчарат од природата.

Истражувачите од СЗО ќе мора да ја разјаснат оваа непозната преку истрага на влажниот пазар во Вухан на кој се продавале живи и диви животни и е поврзана со многу први случаи на зараза. Притоа ќе има многу траги кои ги немале на почетокот на пандемијата.

Симон Лориер вели дека би можеле да бараат животно со рецептор на вирусот, протеинот ACE2, сличен на тој каков што се наоѓа во луѓето. Преку тој рецептор вирусот се закачува за клетките.

Некои животни како визоните и белите африкански творови имаат слични рецептори како и луѓето, додека другите се потполно поинакви.

Според една од теориите на заговор, во пандемијата е вплеткан Виролошкиот институт во Вухан. Таа идаеја ја прифати и американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека вирусот истекол од тамошната лабораторија.

Кина ги отфрла таквите обвинувања.

Симон Лориер вели дека можноста вирусот случајно да избегал засега не може во целост да се исклучи, но истакнува дека нема никакви докази дека е создаден од човек.

СЗО тврди дека сосзнанието за тоа на кој начин епидемијата почнала е нужно за превенција од идни продори кај човечката популација. Но предупредува дека процесот на истражување како болеста од животните преминала на луѓето е загатка која со години ќе се одгонетнува.