Научниците започнаа да користат ДНК тестирање за да ги спојат Свитоците од Мртвото Море, познати и како Кумрански ракописи, коишто содржат разни религиски ракописи и чија старост се проценува на повеќе од две илјади години, при што откриле дека некои делови се споени на несоодветен начин.
Бедиунски овчарири открија дел од Кумранските ракописи во 1947 година, додека во текот на наредните години беа пронајдени многу делови од 11 пештери во близина на Кумран, древна населба на северозападниот брег на Мртвото Море. Од тогаш Свитоците од Мртвото Море, кои главно се необработени, минале низ многу раце. Вкупно постојат 25.000 фрагменти на Кумранските ракопис, коишто веројатно ги користела еврејската секта Есени.
Кон срединава на мај, беше објавено дека наводните „празни“ Свитоци од Мртвото Море, познати како Кумранските ракописи, биле прекриени со невидлив текст, којшто ги опишува правилата на служба во храмот и еден од псалмите во една од најдревните непознати за историчарите варијанти.
Според Одеди Решави од Универзитетот Тел Авив откривањето на древните списи е едно од најголемите археолошки откритија во историјата. Кумранските ракописи, според општо утврденото научно мислење, ги содржат некои од најстарите верзии на библиските книги. Решави и неговите колеги, меѓу кои и Ноам Мизрахи од Универзитетот во Тел Авив и Матиајс Јакобсон од шведскиот Универзитет Упсала, ги објавија во вторникот своите сознанија во научното списание Cell.
Решави изјави за агенцијата DPA во понеделникот дека ДНК анализата од примероците од околу 35 фрагменти потврдуваат дека некои делови навистина се добро споени. Меѓутоа, речиси несомнено е дека фрагментите, за кои се сметало дека требало да бидат споени, пишувани на подлога од различно животинско потекло, овче и кравјо, што сугерира дека овие фрагменти не би требало да одат заедно.
Мизрахи за британски The Guardian од саботата вели дека со колегите ги анализирале ДНК податоците од фрагментите на пергаментот откриен во кумранските пештери во периодот од 1940 до 1950-те години, и оти успеале да утврдат кои парчиња припаѓаат на истиот свиток, а кои изминале долг пат пред да влезат во Јудејската пустина, како и големината на регионот на кој тие биле распространети.
„Биолошкиот состав на фрагментите од пергаментот на кои е напишан текстот, за нас е исто толку важен како и нивната содржина“, појаснува Мизрахи.
Додава дека анализата на 26 делови досега помогнале да се утврди дека 24 од нив биле направени од кожа на овца, а две од крава. Според истражувачите, тоа укажува на тоа дека свитоците не биле направени во Кумран, бидејќи Јудејската пустина не е погодна за одлгедување крави.
Покрај тоа, со анализата се утврдило и дека фрагментите содржат различни верзии на текстот од Книгата на пророкот Еремија.
Ира Рабин, германски експерт за Свитоците од Мртвото море, пак, верува дека истражувањата не донеле никакви нови резултати, бидејќи и претходно било познато оти свитоците биле направени надвор од Кумран.
А Метју Колинс, експерт за библиски текстви на Универзитетот Честер, е убеден дека новото истражување е од големо значење, бидејќи ќе помогне да се откри дали кравите, од чиишто кожи биле направени некои од пергаментите, припаѓале на едно стадо или на едно семејство, или нивната генетска структура многу се разликува и тие потекнуваат од различни места. Истовремено истакнува дека анализата ќе помогне да се утврди потеклото на кожите, но не и местото на пишување на текстовите.