Научниците спровеле генетска анализа на новиот коронавирус од Кина и го откриваат неговиот најверојатен извор, а резултатите од студијата се објавени во научното списание Journal of Medical Virology.
Новиот коронавирус, кој првпат беше открени кон крајот на декември 2019 година во централниот кинески град Вухан, припаѓа на истиот сој вируси како и познатите коронавируси причинители на тешкиот акутен респираторен синдром, или атипичната пневмонија – SARS-CoV, и коронавирусот на блискоисточниот респираторен систем MERS-CoV, кои однесоа стотици животи во текот на изминатите 17 години. Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го означи новиот коронавирус со 2019-nCoV.
И SARS и MERS се класифицирани како зоонозни вирусни заболувања, односно тоа значи дека првите заболени се инфицирале со овие вируси од животни. Тоа било овозможено откако вирусот кој се наоѓал во организмот на животното, претпрел низа генетски мутации кои му даваат способноста да го зарази и човекот. Своевремено истражувањата покажаа дека лилјаците се почетниот извор на SARS-CoV и MERS-CoV, а камилите и хималајските цивити се посредната врска меѓу нив и луѓето.
Кинеските научниците спровеле детална генетска анализа на новиот вирус и ги споредивале резултатите со достапните генетски информации за другите вируси. Истражувачите заклучиле дека 2019-nCoV претставува комбинација од коронавирусот откриен кај лилјаците и друг коронавирус со непознато потекло, а до луѓето дошол преку змиите. Во организмите на овие влекачи се случила рекомбинација на вирусниот протенин, по што станало можно тој од змиите да биде пренесен на луѓето.
Резултатите од ова истражување целосно ја потврдуваат првичната претпоставка дека примарниот извор на новиот вирус треба да се бара меѓу производите коишто се продаваат на пазарот на големо во Вухан, кој стана епицентарот на ширењето на болеста. Носители на смртоносниот вирус, според нучниците, се локални видови шарка и кобра, змии кои во дивината често се хранат со лилјаци. Овие видови змии, имено, се продавале на пазарот во Вухан.
Авторите на студијата истакнуваат дека за да се потврди хипотезата за потеклото на вирусот, потребно е да се земат примероци од ДНК од животните кои се продаваат на пазарот, како и од змии и лилјаци. Меѓутоа, по избувнувањето на епидемијата, пазарот бил дезинфициран и затворен, што го отежнува следењето до изворот на новиот вирус. Во секој случај, добиените резултати се исклучително важни за да се сфати животниот циклус на вирусот 2019-nCoV и развивањето вакцина против него.
Името коронавирус произлегува од неговата форма, која на снимките добиени со помош на електронски микроскоп наликува на сончевата корона. Коронавирусите се пренесуваат преку воздухот и првенствено го погаѓаат горниот респираторен тракт и гастроинтестиналниот тракт кај цицачите и птиците. Иако повеќето вируси од овој сој предизвикуваат само благи симптоми на грип, SARS-CoV и MERS-CoV можат да го заразат и горниот и долниот респираторен тракт и да резултираат со инфекции на дишните патишата и други компликации. Новиот коронавирус 2019-nCoV има симптоми слични на SARS-CoV и MERS-CoV, предизвикувајќи сериозни воспалителни реакции и компликации на пневмонија.