Научниците објавија тродимензионален модел на коронавирусот

Американските научници го објавија во средата првиот тридимензионален молекуларен модел на новиот сој коронавирус Covid-19 кој ги инфицира човечките клетки, што претставува многу важна етапа во развојот на начинот на лекување и развојот на вакцина, се наведува во студијата објавена во научното списание Science.

Тим научници од Универзитетот Тексас во Остин и Националниот здравствен институт (NIH) ја користеле технологијата наречена крио-електронска микроскопија, инаку наградена со Нобеловата награда за хемија во 2017 година, за да го прикажат врвот на вирусот кој се закачува на клетките, ткн спикуларни протеини.

„Врвот е антиген кој сакаме да го уфрлиме во луѓето за имунолошкиот систем да произведува антитела и организмот да биде подготвен да одговори на нападот од вирусот“, појаснува главниот автор на студијата, Џејсон Мелелан.

Меклелан со години ги проучувал другите вируси од истото семејство, особено тешкиот акутен респираторен синдром – SARS и блискоисточниот респираторен синдром MERS.

Врз основа на тоа искуство и геномот кој Кинезите го прикажаа на почетокот на епидемијата, експертите изработиле стабилна верзија на врвовите на вирусот во лабораториски услови. Нивната молекуларна структура сега им е достапна на научниците ширум светот.

„Тоа е убава чиста структура на еден од најважните протеини на коронавирусот, вистински напредок за разбирање како коронавирусот ги пронаоѓа и продира во клетките“, коментриа вирологот Бенџамин Нејман.

Мапата на моделот би требала да им помогне на научниците да сфатата како вирусот се прикрива и како може да биде неутрализиран, со што ќе се направи можност за користење антивирални лекови за веќе заразените лица и за правње вакцина.