Научниците ја анализирале медицинската база податоци којашто којашто опфаќа речиси половина од населението на Германија, и ја идентификувале листата и тежината на симптомите поврзани со долготрајните последици од Covid-19 кај децата и адолесцентите, а резултатите од истражувањето се објавени на серверот за предпечатење medRxiv.org за трудови кои чекаат на научна рецензија.
Познато е дека некои луѓе кои ќе ја прележат коронавирусната болест уште долг период чувствуваат компликации. Неколку седмици, па дури и неколку месеци по закрепнувањето, тие продолжено чувствуваат замор, отежнато дишење, проблеми со спиењето, со паметењето и концентрацијата.
Германските научници го собрале стандардните медицински податоци од голем број даватели на здравствено осигурување за периодот од јануари до декмври 2020 година во единствена база на податоци. Вкупно тие обработиле информации за 38 милиони луѓе, што е 45 отсто од германската популација. Од нив биле избрани 157.000 лица кај коишто бил дијагностициран Covid-19 до 30-ти јуни 2020-та, одосно 145.184 возрасни и 11.950 деца и адолесценти до 17-годишна возраст. Во двете групи, авторите ги идентификувале оние чиишто жалења на здравствени проблеми продолжувале и три месеца по потврдувањето на болеста.
И покрај тоа што, според медицинската статистика, инциденцата на Covid-19 кај возрасните е за 162 отосто поголема отколку кај децата и тинејџерите, разликата во манифестирањето на постковидниот синдром не била толку голема, односно само 41 отсто. Сепак, велат научниците, симптомите се малку поинакви.
Додека кај возрасните постковидниот синдром превенствено се манифестира како респиратонра инсуфиенција, губење на косата, општа малаксаност, губење на вкусот и главоболка, кај децата често тој се изразува со постојано чувство на замор, анксиозност и депресија, главоболк и стомачни болки, соматски нарушувања.
Симптомите кои укажуваат на психичко растројство се почести кај помладата возрасна група, укажуваат истражувачите.
„Заедно со податоците за други релевантни аспекти, нашите резултати даваат дополнителни информации за неодамнешните дискусии за потребата од превентивни мерки, како и за процена на рамнотежата на ризиците и продобивктие од вакцинирањето за децата и адолесцентите“, пишуваа авторите на статијата.
Истакнуваат дека станува збор за досега најголемата студија во светот посветена на постковидниот синдром кај децата и адолесцентите. Нејзините резултати, исто така, покажале севкупно зголемување на инциденцата кај младите последниот периодо, иако сѐ уште е значително помала отколку кај возрасните.