Научниците открија кои хемикалии ja намалуваат интелигенцијата кај децата

Научниците откриле дека децата чии мајки во текот на бременоста биле изложени на зголемено влијание од редица хемикалии кои го нарушуваат функционирањето на ендокриниот систем, во прв ред бисфенолот, на седумгодишна возраст заостануваат зад своите врсници во однос на нивот на квоциентот на интелигенција (IQ), се истакнува во студијата објавена во списанието Environment International.

Некои хемиски соединенија, кои влегуваат во составот на хемиските препарат за домаќинството, пластичните садови за прехранбени продукти и пијалаци, како и во други продукти за широка потрошувачка се ксенобиотици – супстанции кои ја нарушуваат ендокрината (хормонална) активност кај луѓето.

Постојат многу студии кои покажуваат дека зголемените нивоа во организмите на бремените жени на супстанциите како што се бисфенолот, талатите или пестицидите доведуваат до нарушување на развојот на нервниот систем кај новороденчињата. Сепак, претходно не беше изучуван комплексниот ефект на целата група ксенобиотици врз последователниот развој на децата, сѐ додека тие не достигна училишна возраст.

Научниците од шведскиот универзитет Карлштад заедно со американските колеги од Медицинскиот факултет Маунт Синај во Њујорк, ги проучувале анализите од крвта и урината на 718 жени во првите три месеца од бременоста на примерок од хемикалии за кои се смета дека влијаат врз ендокриниот систем, а станува збор за вкупно 26 супстанции. Анализите биле добиени во периодот меѓу 2007 и 2010 година во наталните клиники во шведскиот град Вермланд во рамките на програмата SELMA (Swedish Environmental Longitudinal Mother and Child, Asthma and Allergy).

Кога децата родени од овие жени дистигнале седумгодишна возраст, истражувачите ги оценувале нивните показатели за IQ. Откриено е дека кај оние деца, особено момченцата, чии мајки имале високо ниво на ксенобиотици во организмот во текот на бременоста, имале помал квоциент на интелигенција.

Бисфенолот F, една од компонентите од пластиката која се употребува во домаќинството, имал најсилен ефект врз намалувањето на интелигенцијата кај децата. Треба да се одбележи дека ова соединение научниците го создадоа како безбедна замена за неговиот опасен претходник бисфенол А.

На здравјето на фетусот во раните фази на бременоста, кое последователно е изразено со пониско ниво на IQ кај дечињата, според авторите на студијата, исто така, влијае и инсектицидот хлоропирифос, полифлуороалкални супстанции кои се наоѓаат во производите за чистење; триклосан кој се наоѓа во антибактерискиот сапун; и фталатите кои се наоѓаат во меките ПВЦ пластики и во козметиката.

„Повеќето истражувања оценуваат една хемикалија, но луѓето се изложени на многу хемиски супстанции истовремено, и тоа заемно дејствије може да биде штетно, дури и доколку влијанието на секоја од нив поединечно е на ниско ниво“, се наведува во соопштението за јавноста на водечкиот автор на студијата Ева Танер од њујоршкиот Медицински факултата Маунт Синај.

И покрај фактот дека некои од наведените супстанции се излачуваат доста брзо од организмот на возрасен човек, дури и нивниот кусотраен ефект врз развојот на плодот може да биде забележителен. Поради тоа, на бремените жени, особено во раните фази, научниците им препорачуваат да ги избегнуваат хемиски агресивните производи, заменувајќи ги со органски аналози.