Научниците открија неочекувана причина за мутациите на коронавирусот

Коронавирусот се подложува на мутации по лекувањето на пациентите од Covid-19 со крвна плазма, пренесува агенцијата Bloomberg повикувајќи се на научно истражување во Велика Британија.

Според стручњаците, крвната плазма добиена од пациенти кои се излекувале од Covid-19, може да има доволно влијание на вирусот за да го иницира неговото мутирање. Како резултат на промените SARS-CoV-2 станал помалку подложен на антителата имунолошкиот систем, кои вообичаено се борат против инфекцијата.

Британски лекари во текот на 102 дена лекувале пациент од коронавирусната инфекција кој претходно имал рак. Лекарите следеле како вирусот се изменил во неговото тело на основа на тестовите земени од пациентот. На почетокот на пациентот му бил даван лекот „ремдисивир“, по што стручњаците не нашле сериозни мутации на SARS-CoV-2. Но по третманот со крвната плазма, вурусот претрпел значителни метаморфози, вклучително и промени во клучниот за него „протеин-шилото“, кој вирус го користи за да ги зарази здравите клетки.

Во студијата, исто така, се наведува дека бројните мутации може да се појават кај пациентите со ослабен имунолошки систем и со хронични инфекции.

„Кога вирусот ја има способноста да остане во човековиот организам доволно долго време и да се размножува, тој учи како да се бори со имунолошкиот систем“, истакнува Равиндра Гупта, професор по клиничка микробиологија на Институтот за терапевтска имунологија и заразни болести во Кембриџ.

Експертите појасниле дека лекувањето со крвната плазма не му наштетило на пациентот, но истовремено и не покажало никакво поволно дејство врз организмот.