Болки во мускулите, изразено чувство на замор и пликови на нозете, покрај досега познатите симптоми, може да укажуваат, исто така, на инфекција со новиот коронавирост SARS-CoV-2, сметаат британските експерти.
Како што пренесува The Daily Mail, наведувајќи го извештајот на британските научници за Наулната советодавна група за вонредни ситуации (SAGE), стручњаците забележале дека симптомите може да се манифестираат на различни начини во зависност од возраста на заразеното лице и особеностите на неговиот организам.
Сепак, британското министерство за здравство одлучило да не ги додаде споменатите нови симптоми на листата индикатори на Covid-19, за да се избегне пренатрупување на центрите за тестирање.
Трите официјални признати симптоми на болеста во Велика Бротанија во моментов се висока телесна температура, продолжен нагон за кашлање и губење или промена на чувствителноста на мирис.
Досега во Велика Британија од почетокот на епидемијата забележани се повеќе од 570.000 случаи на зараза со коронавирусот, а повеќе од 42.000 луѓе починале од компликации предизвикани од Covid-19.