Интензивните повремени физички активности помагаат да се забрза намалувањето на телесната тежина, отколку при текот на подолгите умерени оптоварувања, заклучи група научници од Бразил и Велика Британија, пишува порталот Healthline.
Интервалниот тренинг, како што се кусите спринтови, е поефективен за губење на тежината, отколку континуирано умерено вежбање, како што е брзото одење или велосипедизам со брзина под 10 километри на час на долги дистанци, покажува новата студија објавена во специјализираниот магазин British Journal of Sports Medicine.
Научниците дошле до заклучокот дека кусите периоди на зголемена физичка активност, во комбинација со кратки паузи, значително го забрзуваат топењето на поткожното масно ткиво. Такви се вежбите кои може да се изведуваат и во домашни услови, како туркање на ѕидот, склекови, скокање од клекната позиција итн.
„Губењето на телесната тежина зависи не само од тоа колку калории согоруваат во текот на вежбањето, туку и од процесите кои се случуваат во вашето тело после тоа“, вели за Business Insider главниот автор на студијата, Пауло Џентиле.
Истражувачкиот тим ги анализирал податоците од 41 истражување и го споредувал податоците за вежбањето во интервали и долготрајното вежбање со умерен интензитет, како што се џогирање, возење велосипед или пешачење со рамномерно темпо. Вкупно, научниците ги проучувале податоците за 1.115 испитанции кои се занимавале со овие видови спорт меѓу 4 и 16 седмици.
Се покажало дека во просек за еден месец ткн вежбање во интервали обезбедување губење на 1,58 килограми од телесната маса, додека долгорочното умерено вежбање – 1,13 килограми.
Според стручњаците, ваквите резултати се објаснуваат со фактот што интензивните физички вежби придонесуваат за брзото трошење на кислородот кој е достапен за мускулите, и затоа почнуваат да се разложуваат масните наслаги, за да се добие енергија. Покрај тоа, по ваквите вежби телото согорува калории неколку часа, за да го компензира недостигот од кислород.