Наутро магла по котлините, преку ден сончево со мала облачност

Наутро по одделни котлини и долж Повардарието има појава на магла или ниска облачност, додека во текот на денот во поголем дел од земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието и во претпладневните часови.

Утринските температури се движат во интервалот од минус 2 до 4 степени, додека во текот на денот ќе се искачат од 8 во југозападните и централните региони, до 15 Целзиусови степени на југоистокот.

Во Скопје и околината претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 8 степени.