Навивачи, меѓу кои и малолетници, нападнале полицајци и малолетници на плоштад Македонија

Во неделата рано попладнето скопската полиција привела девет лица, меѓу кои четворица се малолетници, кои како дел од поголема навивачка група фрлала со тврди предмети врз полициските службеници.

Вчера околу 15.20 часот на подрачјето на град Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Н.(20), Х.Ѓ.(22), Д.М.(18), Д.С.(24), Д.Г.(20) и четири малолетни лица, сите од Скопје, поради тоа што претходно на Плоштад „Македонија“, во близина на „Камен Мост“, како дел од навивачка група од околу 25 лица, со тврди предмети фрлале кон полициски службеници поради тоа што не им било дозволено да преминат преку мостот.

Исто така, на „Кеј 13-ти Ноември“ тие физички нападнале други четири малолетници, сите од Скопје.

За настанот е известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.